| четврток, 6 декември 2018 |

Тепачка во кафуле во Куманово, кривични пријави за две лица

Лицата С.Д. (27)  и Д.Д (21) од Куманово заработија кривични пријави за учество во тепачка, која се случила околу 3 часот наутро во Куманово, соопштија од МВР.

Настанот се случил во септември, во кафулето „Клуб“ на улицата „Маршал Тито“ во Куманово, каде што двете лица се степале со Д.А (30) и  С.В. (22), по што С.Д. физички го нападнал Д.А. удирајќи го со тупаница во пределот на лицето. Потоа, на скалите на кафулето Д.Д. физички го нападнал Д.А. удирајќи го во пределот на главата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top