| четврток, 6 декември 2018 |

Иван Босиљчиќ доби икона со св. Климент од учениците на охридската гимназија (галерија)

Српскиот актер Иван Босиљчиќ, кој на нашата јавност ѝ е познат како главниот лик од популарните телевизиски серии „Ранет орел“ и „Непобедливото срце“, доби икона со ликот на патронот на градот Охрид – свети Климент Охридски, објави „Охрид њуз“.

IMG_3897

Иконата на Босиљчиќ му ја подарија учениците од проектната активност драма при охридската гимназија што го носи неговото име, кои неодамна беа гости на Театарот на Теразие во Белград, каде што ја одгледаа хит-претставата на репертоарот на театарот, мјузиклот „Циганите летаат на небо“.

IMG_3870

Инаку, Босиљчиќ во оваа пригода истакна дека имал можност да се увери во гостопримството на македонскиот народ и охриѓани, но дека не знаел дека е толку популарен кај нас. Најави дека наскоро повторно ќе дојде во Охрид бидејќи, како што рече, во тек се преговори за учество на наредното издание на фестивалот „Охридско лето“.

IMG_3907

IMG_3916_1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top