| четврток, 6 декември 2018 |

Охридска банка а.д. Охрид го промени името во Охридска банка а.д. Скопје

Охридска банка а.д. Охрид објави преку соопштение на веб-страницата на Македонска берза дека официјално го менува името во Охридска банка а.д. Скопје, со седиште на улица Орце Николов во Скопје.

Согласност за промената на името даде и гувернерот на Народна банка на Македонија, а истата одлука ја потврди и Собранието на акционери на 20 ноември годинава.

Охридска банка на крајот на минатиот месец се пресели во нова деловна зграда во Скопје, која целосно соодветствува со стандардите на групацијата „Сосиете женерал“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top