| четврток, 6 декември 2018 |

Прилеп ќе одвои 15 илјади евра за манастирот Трескавец

Веднаш да се почне изработка на проект за обновување на конаците кои изгореа во прилепскиот манастир Трескавец и да се одделат почетни средства од буџетот на општина Прилеп во износ од околу 15 илјади евра. Владата и локалната самоуправа да дадат приоритет во однос на издвојувањето на потребните финансиски средства за обновување и реконтрукција на манастирот и да се изготви елаборат за заштита на културно-историските споменици од пожари. Ова е заклучокот од вонредната седница на Советот на општина Прилеп посветена на пожарот што го зафати манастирскиот комплекс Трескавец.
На седницата се дискутирало и за формирање на координативно или оперативно тело кое би помогнало во возобновувањето на манастирот, за испраќање препорака до Министерството за култура и до Македонската православна цеква да се отвори жиро-сметка за донации, и за потребата да се подобри патот за да се олесни пристапот на теренските возила кои би можеле да дејствуваат на лице место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top