| четврток, 6 декември 2018 |

Перез Хилтон: Лејди Гага е како вампир

Поп-пејачката Лејди Гага и американскиот телевизиски водител Перез Хилтон некогаш биле многу добри пријатели, но, најверојатно, пејачката на патот до славата ги урива сите мостови.

Тој на гостување во едно шоу не можеше да сокрие дека е огорчен од односот на пејачката, па затоа и на неговиот профил на „Твитер“ напишал дека Гага е вистински вампир, кој ќе ве искористи, односно ќе ве исцрпи кога ќе и требате, а потоа кога не сте и од корист едноставно ќе ве отфрли.

– Сите кои ме познаваат знаат дека јас сум многу реална личност – рече Перез.

– Кога станува збор за Гага, таа едноставно не е добра личност, не е искрена кон луѓето, а сака и намерно да провоцира, односно да се однесува проблематично дури и да се опие пред интервју, што може да ја расипе целата програма – додаде Перез.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top