Импровизирана куќа во дивата ромска населба во Кисела Вода, зад поранешната фабрика „Цветан Димов“, изгоре до темел во пожарот што бил предизвикан од запалена автомобилска гума.
Нема настрадани во пожарот, а екипата на Противпожарната интервенирала навреме.
Во оваа дива ромска населба со години живеат дваесетина семејства, а исто толку имаат направено импровизирани соби и во руинираната фабрика.
Околината е преполна со пластична амбалажа, хартија и огревно дрво, а жителите на околните згради се жалат дека постојано имале проблем со жителите од импровизираната населба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.