| четврток, 6 декември 2018 |

Автомобил „мерцедес“ изгоре на патот Куманово-Крива Паланка

Автомобил мерцедес со кумановски регистарски таблички вчера попладне изгоре на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка на местото Света Петка, во селото Младо Нагоричане.

Возачот С.К. од Куманово поминал без повреди, откако навреме ја напуштил колата.

Околу 16 часот возилото се запалило во задниот дел кај издувната цевка, додека се движело кон Куманово. Пожарот го забележал возач на автомобил што возел зад него, и пријавил в полиција. Полициски возила го пресретнале мерцедесот кај Света Петка и со противпожарни апарати се обиделе да го изгаснат огнот, кој се проширил и на другиот дел од возилото. Пожарот бил локализиран откако пристигнале пожарникарите.

Причините за пожарот и матерјалната штета дополнително ќе се утврдува.

Поради опасност од експлозија на автомобилот, сообраќајот на тој дел од патот бил во прекинат и пренасочен на стариот пат Куманово-Крива Паланка низ селото Младо Нагоричане.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top