Загина 20-годишно момче во тешка сообраќајна несреќа што се случи доцна синоќа на регионалниот пат Дебар – Струга кај селото Велешта, соопштија од СВР Охрид.
Расул К. директно удрил со автомобил „голф 4“ во задната страна на камион кој бил паркиран во близина на коловозот. Повредениот им подлегнал на повредите додека со возило на Брза помош бил превезуван од општата болница во Струга кон болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.
Според информациите на полицијата, причина за сообраќајката е неприспособена брзина на условите на патот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.