
Европската комисија ги алармира земјите-членки на Унијата дека непочнувањето на преговорите со Македонија има сериозна цена за кредибилитетот на ЕУ.
Ова, на министерот за надворешни работи Никола Попоски на вчерашната средба во Брисел му го пренел генералниот директор на Директоратот за проширување на Европската унија, Кристијан Даниелсон.
Во контекст на очекувањата од процесот на проширување од претстојниот состанок на Европскиот совет во декември, министерот Попоски смета дека е во македонски интерес да се продолжи со дијалогот, кој е инициран со јужниот сосед, без разлика на недостигот од позитивни сигнали од нивна страна.
– Цената на чинење од блокадите е висока и за ЕУ и за Македонија, додека за југот е маргинална во однос на проблемите што ги имаат – вели Попоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


