| четврток, 6 декември 2018 |

Повеќе од 40 мртви во експлозија во складиште за оружје

Повеќе од 40 луѓе загинаа од експлозија во складиште за оружје во јужниот дел од Либија откако локални жители се обиделе да украдат муниција. Експлозијата се случила во гратчето Брак аш Шати во блилзина на градот Сабха. Меѓу луѓето кои упаднале во складиштето имало и имигранти Африканци.

Според „Ал Џазира“, целта на крадците била муниција, но несоодветното ракување со неа предизвикало експлозија. Бидејќи складиштето сѐ уште гори, можно е бројот на жртви да се зголеми, јавуваат локални медиуми.

фото: ЕПА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top