
Овој момент, ова сеќавање и спомен на жртвите Албанци масакрирани во балканските војни треба да не’ зближи, и на нас и на нашите сограѓани Македонци да ни помогне да ја видиме иднината и заеднички да изградиме просперитет и стабилност. Со оваа порака за соживот, но и со порака дека никогаш не смее да се заборават жртвите и загубите на албанските мајки, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и целото партиско раководство свечено го промовираа Меморијалниот центар во Зајас, во спомен на убиените Албанци од Кичевскиот регион по балканските војни од страна на српската војска, пишува Утрински весник.
Тој најави дека и во иднина ќе работат на тоа на површина да ги извадат сите трагедии кои му се случиле на албанскиот народ, но и на Македонците кои исто така низ историјата доживеале трагедии.
„Ова треба да биде пример и за нашите сограѓани Македонци затоа што и врз нив биле вршени насилства. Само така заедно ќе ја видиме иднината, која ќе обезбеди национално достоинство за сите“, порача Ахмети во спомен на убиените Албанци, за кои се претпоставува дека се околу 350-500 жртви, а кои биле погребани во масовни гробници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Али Ахмети: Избрани сме да носиме храбри и важни одлуки, а не да калкулираме
-
„Опомени“ за Османи и Ахмети за слабата излезност преку СЈО?
-
Ахмети: ДУИ има огромен придонес во менувањето на името на државата со цел доближување до ЕУ и НАТО
-
Ахмети-Курц: Дојде време заедно да ги изодиме последните чекори кон посакуваниот успех


