| четврток, 6 декември 2018 |

Воен полицаец силувал девет жени во Белград

seriski siluvac srbija

33 годишниот Дејан Г. од Бела Црква во Србија е осомничен дека силувал девет жени во Белград во последните четири години. Според српските медиуми, осомничениот бил активно лице, односно, бил вработен во Воената полиција. Тој за време на истрагата се бранел со молчење, а истражен судија му одредил притвор од месец.

Српската полиција му влегла во трага минатиот месец по последниот напад кога било приметено дека манијакот напаѓал секогаш на исто место. Полицијата му сместила заседа за да го улови.

Тој напаѓал жени од 2010 година до 2013 година. Жртвите ги наоѓал меѓу жени кои доаѓале на автобуска станица, а потоа ги следел се додека не навлезеле во некои неосветлени места. Кога ќе се осигурал дека нема очевидци во близина напаѓал од зад грб. Жените биле толку шокирани што не можеле да се бранат.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top