Владејачката левоцентристичка коалиција во Хрватска ги повика денеска граѓаните да го бојкотираат референдумот за уставно дефинирање на бракот како заедница меѓу маж и жена, што ќе се биде одржан в недела. Референдумот е поддржан од конзервативната опозиција и од Католичката црква.
Шест министри од социјалдемократската Влада објавија видео-снимка од 40 секунди на Јутјуб, во која појаснуваат зошто ќе гласаат „против“.
„Јас ќе гласам за љубовта, за Хрватска без поделби, што значи ќе гласам „против“, изјави министерот за внатрешни работи Ранко Остоиќ, во клипот, во кој се појавуваат и петте други министри, вклучувајќи и еден од либералната Хрватска народна партија.
Парламентот го распиша референдумот откако католичката група „Во име на семејството“, собра над 740 илјади потписи за поддршка на плебисцитот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.