| четврток, 6 декември 2018 |

100 килограми хашиш се запленети на албанско-црногорската граница

Албанската полиција уапсила италијански државјанин кој се обидел да прошверцува 100 килограми хашиш во кампинг-возило преку преминот „Хан Хоти“ на албанско-црногорската граница.

Според полицијата, Италијанецот бил дел од наркогрупа чија база била во северниот албански град Скадар. Групата шверцувала дрога преку канал кој тргнувал од Албанија, минувал низ Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија и завршувал во Италија.

Полицијата го уапсила и Паулин Фуша, сопственик на неколку луксузни угостителски објкети во Скадар, кој е осомничен дека е главен организатор на шверцерската група.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top