Најмалку 15 лица загинаа денеска во новите напади во Ирак, што претставува уште една епизода во бранот насилства во оваа земја, кои властите не успеваат да ги спречат.
Во Тикрит е извршен напад со автомобил-бомба врз началникот на полицијата во провинцијата, генерал Џума ал Дулајми. Тој не бил повреден, но тројца цивили загинале, а двајца се повредени.
Над 6.000 луѓе се убиени од почетокот на оваа година. Насилството го достигна максимумот по судирите во 2006-2007 година и продолжи константно неколку месеци по изборите.
Често никој не презема одговорност за нападите, но властите многупати обвинуваа дека извршител е сунитската терористичка мрежа Ал Каеда. Истовремено, сунитското малцинство покажува големо незадоволство сметајќи се за дискриминирано од страна на шиитското мнозинство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.