Анџелина Џоли ќе отвори нова организација за борба против ракот. Фондацијата ќе го носи името на нејзината мајка Марчелин, тетка Дебра и на вујкото Ралф. Сите тие починале од последиците од оваа тешка болест.
Оваа вест ја обелодени вујкото на Анџелина, Рон Мартин, а во целата оваа приказна ќе бидат вклучени таткото на Џоли, Џон Војт, како и нејзиниот брат Џејмс.
Инаку, неодамна се појави вест дека Анџелина му купила на Бред остров во вид на срце, како подарок за 50. роденден, меѓутоа сопствениците на островот ги демантираа тие гласини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.