| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Сите инвеститори имаат ист третман

gruevski sobranieВладата на Република Македонија нуди еднакви можности и услуги за секоја компанија што сака да инвестира во Македонија и да отвори нови работни места, без разлика од која држава е, потенцираше владиниот претседател Никола Груевски одговарајќи на пратеничко прашање на денешната седница во Собранието на Р. Македонија.

Тој како одговор на прашањето на пратеникот Оливер Спасовски истакна дека „Сахара груп“ е една од компаниите кои покажале интерес за инвестирање во Македонија и добила ист третман како и сите останати компании, демантирајќи ги тврдењата на Спасовски дека земјиштето ѝ е дадено на „Сахара груп“ за нула денари. Груевски истака дека договорот потпишан со „Сахара груп“ е јавно објавен на интернет и дека постои банкарска гаранција за продажбата на земјиштето.

– Правиме сѐ што е во наша можност за да привлечеме инвеститори, како од Македонија така и од странство, сѐ со цел отворање нови работни места, се однесуваме соодветно и коректно кон секој инвеститор и правиме сѐ што е во наша моќ за да ги задржиме – потенцираше премиерот Груевски.

Тој посoчи дека инвеститорите се задоволни од почнатиот бизнис во Македонија и дека токму заради тоа градат и втори фабрики. Посочи дека таков е случајот со автомобилскиот гигант „Џонсон Мети“, потенцирајќи дека причина за реинвестирањето на овие компании се и исполентите ветувања што ги добиле инвеститорите од страна на државните институции и од Владата.

Тој потсeти дека најголемиот руски фармацевски гигант „Продис“, за неполни три години откако ја отвори правата фабрика во Македонија, објави дека во април ќе отвори и втора фабрика. Тоа, како што рече Груевски, е доказ дека овие фирми имаат одличен третман во Македонија. Македонија, потсети Груевски, е прогласена за 25. земја со најдобра бизнис клима.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top