| четврток, 6 декември 2018 |

Четкар одржа концерт за Денот на благодарноста во македонската амбасада во Вашингтон

Во чест на американскиот празник Ден на благодарноста и во чест на 20-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Македонија и САД, во Амбасадата на Македонија во Вашингтон одржа концерт џез-музичарот Владимир Четкар, на кој присуствуваа претставници на Владата, дипломатскиот кор и македонската дијаспора во САД.

Сакаме на овој начин да им изразиме благодарност на САД за нивната поддршка кон независноста на Македонија – изјави амбасадорот на Македонија во САД, Зоран Јолевски.

Во декември 1993 година САД го именуваа Виктор Комрас за првиот шеф на дипломатската мисија во Македонија, за неколку месеци подоцна и формално да ја признаат Република Македонија. На концертот присуствуваа и поранешните американски амбасадори во Македонија, Лоренс Батлер и Филип Рикер.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top