Синоќа се запалил оџак во куќа на улицата Милан Зечар, која се наоѓа над Соколана, јавува „Куманово њуз“. Пожарот избувнал околу 21 часот, по што противпожарната единица интервенирала со едно возило и со тројца пожарникари. За половина час огнот бил локализиран и спречен да се прошири на другиот дел од куќата.
Со почнување на грејанта сезона сѐ поголеми се шансите за палење оџак, поради тоа од Противпожарната единица ги советуваат граѓаните редовно да ги чистат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


