Интернет-порталот „Базфид“ вчера објави истражување во кое од Американците се бараше на нема карта да ги напишат европските држави. Веднаш потоа направија уште едно истражување во кое си ги заменија улогите. Граѓаните на Велика Британија, како претставници на Европа, не ни го обелија образот.
Вчерашното истражување покажа дека Американците имаат дупка во познавањето на географијата.
Меѓутоа, дојде време за реванш. Па така на мапата што ја пополнуваа Британците се појавија нови држави, како на пример Северен Тексас, Канада стана сојузна дражава, а на западниот дел од САД некои само напишале Лос Анџелес.
Неколку испитаници напишале само неколку држави, а другиот дел го оставиле празен или се обиделе да цртаат за да не изгледа срамно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.









