| четврток, 6 декември 2018 |

„Пиреј“, „Пасквелија“ и „Време на црвените рози“ ќе добијат звучни изданија наменети за лицата со оштетен вид

Идната година три книги од познати македонски автори ќе бидат преведени на цеде-изданија како дел од проектот „Звучна библиотека“, информира директорката на НУ Библиотека „Григор Прличев – Охрид“, Александра Белеска, објави „Охрид њуз“.

Се работи за делата „Пиреј“ од Петре М. Андреески, „Пасквелија“ на Живко Чинго и „Време на црвените рози“ од Видео Видически.

– Обврзани сме од Влдата во 2014 година да го реализираме овој проект наменет за лицата со оштетен вид, односно имаме предвидено три книги од познати автори да бидат преведени на цеде-изданија како преку звук би допреле до читетелите – вели директорката на НУ Библиотека „Григор Прличев.“, Александра Белеска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top