Грчкиот весник „Етнос“ наведува дека заради штрајкот на морнарите бродовите не пловат па на островите се чувствува недостиг на храна. Земјоделците од Крит бараат да биде прекинување на блокадата и да бидат превезени произведените стоки. Штетите се проценуваат до 2 милиони евра, велат производителите.
Додека Синдикатот на морнарите одлучува дали ќе продолжи со протестите, Трговската флота даде ултиматум дека Владата ќе преземе соодветни мерки.
Грчките морнари протестираат против предлогот поднесен од Владата за намалување на работните места и реформи во бродскиот превоз.
Морнарите бараат колективни работни договори по категорија на бродови и исплата на сите плати. И грчките земјоделци најавија штрајк и блокади на грчките патишта заради неисплатени пари. Бараат и пониски цени за горивата и осободување од данок на земјоделските суровини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.