| четврток, 6 декември 2018 |

„Вашингтон пост“ го продава своето седиште во Вашингтон

Весникот Вашингтон пост го продава своето седиште, зградата во Вашингтон непосредно до Белата куќа на агенција за недвижности (Carr Properties), која го купува за 159 милиони долари.

Весникот, кој оваа есен за 250 милиони долари го откупип основачот на Амазон, Џеф Безор, ќе продолжи да ја користи зградата сè додека не се пронајде соодветно решение за преселување.

Зградата за која станува збор е објектот во кој новинарите Карл Бернштајн и Боб Вудвард пишуваа текстови за аферата Вотергејт и како последица тогашниот претседател Ричард Никосн во 1974 година поднесе оставка.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top