Иако се зборуваше дека Том Круз ќе се смири со Кејти Холмс, тоа нема да се случи бидејќи глумецот утеха најде во прегратката на друга.
Том Круз, наводно, е во врска со Лаура Препон која нам ни е позната од серијата „Луди седумдесетти“. Како што пишуваат медиумите, глумицата му се допаѓала од секогаш, а го освоила со улогата во филмот „Портокаловото е новото црно“.
Британското издание на магазинот „Грација“ пишува дека тие двајца се знаат подолго време, а ги поврзале Џон Траволта и неговата сопруга Кели Престон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.