Не претерувајте со греењето дома
Кога се излегува од претерано загреана куќа надвор на студено, тоа може да предизвика промена во ситните крвни жилички, па кај почувствителните луѓе може да дојде до појава на Рејнодова болест – во ситните крвни жилички ќе почувствуваат моментен грч, па рацете и нозете остануваат „без крв“ и се чувствува голем студ и болка.
Затоа не треба да се прегрева домот, температурата, всушност, би требало да биде меѓу 18 и 20 степени.
Пијте кафе и чај без кофеин
Кофеинот ги блокира рецепторите во крвните садови и спречува да се стегнат кога е студено. Бидејќи нервните садови остануваат проширени, побргу се губи топлината. Значи кафе со кофеин пијте само ако цел ден сте дома, на топло.
Не ставајте ги рацете во џебови
Издржете и не ставајте ги рацете во џебови. Место тоа, најприродно замавнувајте со нив додека чекорите. На тој начин мускулите на рацете ќе работат, ќе ја подобрите циркулацијата и рацете ќе ви бидат потопли.
Внесувајте повеќе протеини
Варењето на храна богата со протеин ја подига телесната температура подобро отколку јаглерохидратите или мастите.
Не носете волнена капа
Изберете капа што ги покрива и ушите затоа што тие се тенки, ама имаат голема површина и така лесно ја губат топлината. Некои стручњаци препорачуваат место волнена капа да носите капа од полиетилентерефталат, кој е синтетичка алтернатива на волната. Овој синтетички материјал е полесен, подобро изолира и се користи во изработката на многу зимски производи.
Дишете низ нос
Ноздрите се филтри во кои се загрева воздухот пред да влезе во белите дробови. Ако дишете на уста, студениот воздух влегува без загревање.
Кремовите за лице ќе помогнат
Ако ве мачат егземи или дерматитис, кога е студено нанесувајте повеќе крема. Воспалената кожа губи повеќе топлина.
Згрејте ги чевлите на радијаторот
Ако тргнете надвор со топли нозе поголеми се шансите тие такв и да останат.
Купете си стол за нишање
Така ќе ја генерирате енергијата додека седите. Имено, кога сме неподвижни, телесната температура паѓа. Но лулајќи се на столот, ги активираме големите мускулни групи на рацете и на нозете, така што полесно ја одржуваме циркулацијата и топлината.
Дружете се
Ако излезете надвор со друштво или ако дружењето го организирате во својот дом, ќе ви биде потопло отколку кога сте сами. Ова го открија стручњаците од Универзитетот во Торонто, кои испитуваа како влијае осаменоста на луѓето. Се покажало дека таа создава чувство на студ.
Сеќавајте се на добрите денови
Истражувањата спроведени на Универзитетот во Саутемптон покажа дека потсетувањето на среќните моменти од минатото создава субјективно чувство на топлина на просторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.