Во седмото коло од Улеб Еврокупот екипата на МЗТ загуби на гостувањето во Израел од екипата на Макаби Хаифа со 79-60. МЗТ настапи без центарскиот двоец Гечевски-Чековски и поразот беше очекуван. МЗТ Скопје успеа да му парира на противникот само во првите шест минути кога успеа да направи разлика од шест поени благодарејќи на неефикасноста на домаќините. Во овој период од играта се истакна Лучиќ со девет поени, но не успеа во ист ритам да го продолжи натпреварот. Кога проработе нападот на Макаби предноста брзо се стопи и негативната разлика постојано растеше. На полувреме се отиде со негатива од осум поени 45-37.
Во вториот дел ангажираната игра во одбраната на Макаби не им дозволи на играчите на МЗТ да реализираат лесни поени. Негативата растеше и на крајот на третиот дел достигна 15 поени разлика. Победникот веќе беше решен па во четвртиот дел „металците“ пробаа со шут од далечина да ја намалат разликата, но и во тоа не успеаа.
Најефикасен кај МЗТ беше Џастин Рејнолдс со 20 поени и девет скока, Лучиќ постигна 15, а Дејвис 11 поени.
Следниот натпревар во Улеб Еврокупот МЗТ Скопје го игра на домашен паркет против турскиот претставник Банвит.
Викендот што следи МЗТ игра уште еден натпревар на домашен терен, а тоа е дерби дуелот против Цибона во рамките од АБА Јадранската лига.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МЗТ симнат од тронот, Работнички е нов шампион на Македонија!
-
Мекејлеб ја напушта Сарагоса: Причина е смртта на неговата мајка
-
Еуфорично славје во „Јасмин“: Кошаркарите на МЗТ ја прескокнаа оградата и славеа на трибина со навивачите (фото)
-
Фијаско на македонските кошаркарки во Италија, загубија со 60 коша разлика



