| четврток, 6 декември 2018 |

Попоски: Сите знаеме што е проблемот за македонската евроинтеграција

Nikola-poposki-1

Македонија е целосно подготвена да премине во следната фаза од процесот на интеграција во Европската унија и состојбата на статус-кво со не-отворање на разговорите за пристапување трае премногу долго и е сериозен предизвик за Македонија и Унијата, иако ЕУ го држи клучот за надминување на овој предизвик. Ова беше главната порака што денеска пред работната група за Западен Балкан на Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) го истакна македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски, јавува МИА од Брисел.

Потенцирајќи дека Македонија високо ја цени силната и принципиелна поддршка од Европскиот парламент, Попоски побара конструктивен придонес од членовите на ЕП во насока на одржување на позитивен и конструктивен дух во следната Резолуција за нашата земја. Потенцирајќи дека отворање на преговорите за пристапување во ЕУ останува примарна цел на нашата држава, македонскиот шеф на дипломатијата апелираше дека се очекува поддршка од сите земји-членки на Унијата за Европскиот совет во декември да го отвори патот за почеток на пристапните преговори, според препораката на Европската комисија и Европарламентот.

– Сите рационални аргументи говорат во прилог на ваквиот пристапоти имаме консолидација на реформите и зајакнувањето на мулти-етничката кохезија, а со цел заштита на кредибилитетот на проширувањето за што нема ниту еден рационален аргумент против. Отворање на преговорите само позитивно може да влијае на напорите за решавање на прашањето за името и историјата на проширувањето на ЕУ потврдува дека контекстот на преговорите го олеснува решавањето на отворените билатерални прашања . Преговорите за пристапување и на разговорите за прашањето за името треба да се одвиваат паралелно – посочи Попоски пред европарламентарците.

Министерот истакна дека Македонија очекува Грција, како најстара членка на ЕУ во нашиот регион, да се однесува одговорно и да дозволи отворање на пристапните преговори со Македонија и на тој начин да го искористи својот потенцијал и да внесе динамика во ревитализацијата на европската интеграција на целиот регион. Во однос на разговорите за името под капат ана Обединетите нации, тој посочи дека има голема разлика оти Грција поставува максималистички барања, што според него покажува недостаток на подготвеност за надминување на прашањето, за ралзика од макеоднските власти кои се целосно посветени на решавање на ова прашање.

Споменувајќи ги сите постигнувања во однос на судските реформи, владеење на правото и решавање на отворените прашања со медиумската заедница во Македонија, министерот Попоски истакна дке аима напредок во сите сфери и дека напорно се работи. Во однос на добрососедските односи, тој повтори дека стратешка определба на Македонија е да има добри односи со соседите, пред се со Бугарија и Грција.

– Ќе ги удвоиме напорите за надминувае на спорот за името, но бараме посветеност и од страна на нашиот јужен сосед – заклучи министерот за надворешни работи.

Во делот на прашања на европратениците, Едвард Кукан од Европските народни партии констатираше дека Македониај заслужува д апочне да преговара за членство и побара отворените прашања со соседите да се решат во духот на компромисот. Ричард Ховит, пак, праша до каде е исполнувањето на целите од Комитетот за решавање на ланските декемвриски настани во и околу македонското Собрание, како и дијалогот со медиумската заедница, потенцирајќи дека е свесен дека Здружението на новинарите на Македонија не е единственото со кого треба да се разговара на оваа тема.

Хрватот Никола Вуљаниќ запраша како Македонија стои на економски план и кави се односите со Албанија, со оглед на што тој е известувач од Европарламентот за оваа земја. Гркинката Марија Елени-Копа констатираше  дека Европскио совет на декемврискиот Самит нема да даде препорака за отворање на пристапните преговори за нашата земја и констатираше дека неодамна била во Скпоје и констатирала дека се т.н. “антиквизација” се случува на големо. По неа, на сцена стапија бугарските пратеници во ЕП, Андреј Ковачев, Евгени Кирилов и Станимир Илчев.

Ковачев побара според него правилна интерпретација на историјата од страна на Македонија и да се парафира договорот за добрососедство, констатирајќи дека народот во неговата земја “не сака да ја стопира евроинтеграцијата на своите браќа и сестри од Вардар”!? Кирилов наведе дека сите треба да бидат свесни дека Македонија не исполнила ништо од барањата на Европскиот совет од заклучоците донесени на декемврискиот Самит и дека според него во нашата земја не владее демократија оти “насилно со полиција, а со наредба од политичкиот врв, се исфрлаат новинари и пратеници од македонското Собрание”.

Илчев, пак, појасни дека за него е неприфатливо “да се трансформираат настани и имиња од минатото во денешни квази-судски претензии” и дека ако Македонија влезе во ЕУ, ќе мора Брисел да се соочува со некои други отворнеи прашања.

На сето ова, министерот Попоски одговори дека Македонија е пример за демократска земја каде отворените прашања се решаваат со дијалог, што според него е клучно за градење на демократија, потенцирајќи дкеа по ланските настани во и околу Собранието, сепак, партиите седнале на маса и се договориле истите да не се повторат.

– За дијалог со новинарите, есенцијално е дијалогот да продолжи, а предложениот закон за медиуми да биде инклузивен и договорен со сите заинтересирани страни, базирано на ЕУ-агендата. Економски, Македонија заслужува да добие статус на функционална пазарна економија. Со Албанија имаме многу добри односи, што се покажа и со тоа што нивнито нов премиер Еди Рама, својата прва официјална посета на странска земја ја имаше токму со посетата на Македонија, посочи Попоски.

Во однос на прашањето за името, тој повтори дека е јасно дека политички интерес во Атина е да не се реши ова прашање и Македонија да не почне преговори за члеснтво во ЕУ, посочувајќи дека обвинувањата за некаква антиквизација не држат, поготово што инфраструктурно Скопје многу се развило, а и посетите на туристите поради новите атракции се огромни.

– Сите знаеме што е проблемот што ја спречува Македонија да почне преговори за членство, а тоа е Грција. Во однос на Бугарија, мислам дека овој наш сосед ќе има голем ќар од наше членство во Унијата. Охрабрувачка беше изјавата на експремиерот Бојко Борисов дека не мисли оти Бугарија треба да биде пречка на Македонија за пристапувањето кон ЕУ и сакам тоа да го кажеше како премиер, но и сегашните власти тоа да го прифатат. Во однос на договорот за добрососедството, проблем е што Бугарија не сака асиметрија, односно и двете страни да исполнат обврски, а дека Македонија не некаква закана за нашиот источен сосед е нон-сенс, додаде Попоски.

Според македонскиот шеф на дипломатијата, интерес на Македонија е Бугарија да и биде пријател како до ланскито декември кога стави блокада на Самитот на Советот, а дека сите ќе се обидат да се затвори отвореното поглавје меѓу двете земји.

Со овој настап и заврши настапот на министерот за надворешни работи на Република Македонија пред АФЕТ во Европскиот парламент. За утре, во рамки на неговата дводневна работна посета на Брисел, планирано е тој да се сретне и со генералнио директор на Директоратот за проширување на Европската унија, Кристијан Даниелсон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top