| четврток, 6 декември 2018 |

Серхио Рамос казнет со пет меча

Дисциплинците во Шпанската Фундбалска Федерација драконски го санкционираа стоперот на Реал Мадрид за црвениот картон и за конфронтацијата со судиите во мечот од Копа дел Реј

Членот на најдобриот светски тим според ФИФА, Серхио Рамос ќе пропушти пет натпревари на Реал Мадрид по инцидентот што го предизвика во финишот на куп средбата со Селта одиграна синоќа на Сантијаго Бернабе. Стоперот заработи црвен картон во 94.минута по што тргна да се пресметува со главниот судија Ајза Гамез и затоа во итна постапка дисциплинската комисија на Шпанската федерација го казни со еден меч за картонот и со четири за вербалната расправија.

Инаку Реал Мадрид успешно го мина осминафиналето во Копа дел Реј со победа од 4-0 со што беше анулиран поразот до 2-1 во Виго. Во следниот круг од шпанскиот куп Реал Мадрид на 15 и 22 јануари ќе се сретне со Валенсија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top