| четврток, 6 декември 2018 |

Тетовец ја освои третата премија 6+1 годинава

По рекордната премија 6+1, која ја имавме неодамна, во 66. коло,  по што следуваше реприза на оваа премија и во 73. коло на „Новолото 7/34“, годинава  имавме можност да се запознаеме и со уште едеен среќен добитник на оваа привлечна добивка.

Беким Нухија од тетовско Желини е нашиот нов среќен играч, кој  го надополни кругот на среќни добитници на Државна лотарија на Македонија. Неговото среќно ливче, кое му ја обезбеди премијата 6+1, го уплатил во продажното место „Бартон“ во Тетово. Тој одиграл две сиситемски комбинации од осум броеви. Самото извлекување не го следел, а проверката ја направил наредниот ден во продажното место каде што ја изржил уплатата. Проверката му открила дека тој е нашиот среќен добитник на премијата 6+1.

Државна лотарија на Македонија ве поканува уште вечерва да ги тестирате вашите среќни бројки како потенцијална среќна „Новолото 7/34“ комбинација. Со задоволство ве потсетуваме дека фондот за седумка е и понатаму во пораст. Во вечерашново 95. коло фондот ближи до 14 и пол милиони денари, погледнете го вечерва од 20ч со прекрасната Марјана на телевизија „Сител“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top