Познатата српска старлета Сораја Вучелиќ пред неколку дена гостуваше во дискотеката „Мистик“ во Штип. По барање на воодушевените гости, кои се насладуваа на нејзиното кратко фустанче и длабоко деколте, Сораја запеа и неколку песни.
Според српски „Ало“, таа му пеела на увце на синот на еден македонски политичар за што заработила 3000 евра.
Синот на македонскиот политичар славел роденден и ја замолил Сораја да му посвети неколку песни.
Воодушевениот славеник понесен од позитивната атмосфера ја почастил Вучелиќ со 3000 евра иако таа во почетокот не сакала да ги земе парите.
– Вистина е дека заработив добри пари. Дечкото славеше роденден и ме замоли да му отпеам неколку песни. Прекрасно си поминав. Слушнав дека е син на познат политичар, но не би сакала да откријам кој – изјавила Сораја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Овој хармоникаш го доби најголемиот бакшиш на свадба: Буквално лежеше во пари
-
Сораја во шок: Некој и ја уби мачката од 22.000 куни (видео)
-
На Сораја и го забранија влезот во Србија, а потоа и се губи секоја трага: Таа се огласи и еве кај се наоѓа!
-
Засолниште најде во приватен хотел: Сораја не смее во Белград, па се врати во Будва


