Седум европски земји, Бугарија, Грција, Романија, Чешка, Словачка, Австрија и Унгарија, формираа железничка унија и пуштаат во употреба возови кои ќе ги поврзуваат централна и југоисточна Европа, како и дестинации во Азија преку пристаништа во Црно и Егејско Море, објави грчкиот весник „Имерисија“.
Возовите на европската железничка унија, наречени РФЦ7, ќе се движат на следните релации: Прага-Виена/Братислава, Будимпешта-Букурешт-Констанца и Видини-Софија-Солун-Атина.
Цел на унијата е зголемување на сигурноста на железничките услуги.
Првиот воз на новата железничка унија тргнува на 9 декември до Атина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


