Фудбалерите на Пеп Гвардиола на првата средба со ЦСКА во Лигата на шампионите на домашен терен славеа со победа, меѓутоа сега Баерн го очекува тешко гостување во секогаш непријатната и ладна Москва.
– Мораме брзо да се навикнеме на временските услови. Летот ни беше долг, но иста така им беше и на играчите на ЦСКА кога доаѓаа во Минхен. Противникот има одличен тим, подеднакво добар напад и одбрана. Нема да ни биде лесно, но сакаме победа. Имаме голем проблем со повредените играчи, па ќе мораме да составиме тим од најдобрите играчи што ни се на располагање. Секој натпревар е поинаков и не верувам дека ќе се повтори тој од Минхен – рече Гвардиола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


