
фото: Телеграф
Кривични пријави за семејно насилство и за нарушување на јавниот ред и мир заработи скопјанецот К.Л., кој во раните утрински часови во понеделникот во алкохолизирана состојба ја претепа сопругата, го повреди синот, а потоа се закануваше дека со боца за гас ќе го запали станот, лоциран во зградата со број 76 на булеварот Илинден, во непосредна близина на Владата. Бидејќи целата „операција“ имала среќна завршница, по поминатата ноќ во станица, невработениот К.Л. е пуштен дома.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


