| четврток, 6 декември 2018 |

Франција: Eвакуација на најголемата дива ромска населба

Во Сант Уан во парискиот регион почна евакуацијата на една од најголемите диви ромски населби во Франција, јави дописникот на МИА од Париз.

Според префектурата, во оваа населба живееле околу 800 лица, а операцијата почнала околу 8 часот изутринава.

Теренот на кој се наоѓа населбата се наоѓа во близина на централата за топлификација на урбаното грееење на Париз, во индустриската зона на Сант Уан.

Населбата се создаде на почетокот на јули годинава по протерувањето на Ромите од повеќе општини во парискиот регион.

Нивните колиби и големината на населбата претставуваше проблем во снабдувањето на топланата бидејќи тие беа изградени околу железничката пруга со која се снабдува греењето.

Општината на Сант Уан и државната железница побараа отстранување на населбата, додека префектурата предупреди дека нивната евакуација може да предизвика скандал. Засега нема информации дали евакуираните жители на населбата се сместени на друго место или, пак, самите ќе се инсталираат во нова дива населба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top