Сликата „Мадона и дете“ на еден од најпознатите италијански сликари Сандро Ботичели е продадена за 10,4 милиони долари на аукција во куќата „Кристи“ во Њујорк. Сликата на Ботичели е продадена за двапати повеќе од очекуваното. Сликата потекнува од 1490 година и е продадена на анонимен купувач и тоа само неколку минути по лицитирањето. Ова е рекордна цена за слика на Ботичели. Досега најскапо продадена слика на Ботичели чинела 7,5 милиони долари и била продадена во 2006 година.
Инаку, целото име на сликата на Ботичели е „Мадона и дете со младиот Јован Крстител“ популарно уште се нарекува и „Мадона на Рокфелер“ бидејќи во триесетите години на минатиот век ја поседувал еден од најбогатите луѓе на светот, Џон Д. Рокфелер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Аукција во УЈП: Се продаваат “Пунто за 70.000 денари, “Мерцедес“ за 107.900 денари, “Астра“ за 120.500 денари…
-
В петок аукција на УЈП: На продажба се солариуми, гарнитури, автомобили, лаптопи, деловен простор…
-
Објавила селфи со своите две ќерки, никој не може да познае која е мајката (фото)
-
Слика на Леонардо да Винчи, стара 500 години продадена за рекордни 450 милиони долари