„Балкан енерџи“ бара од Регулаторната комисија за енергетика да ја намали цената на парното и да грее до 23,30 часот. Неофицијално, барањето е веќе подготвено и е на пат кон Регулаторната комисија за енергетика, која ќе го има крајниот збор. Регулаторите велат дека за завршување на процедурата нема да треба повеќе од два месеци, доколку документацијата на „Балкан енерџи“ е во согласност со Правилникот за снабдување со топлинска енергија и Методологијата за пресметка на цената на парното, пишува весникот „Утрински весник“.
Компанијата која од почетокот на годинава го снабдува Скопје со топлинска енергија проценила дека може да испорачува сметки помали за пет проценти. За таа цена, пак, скопјани ќе добијат два и пол часа подолго затоплување. „Балкан енерџи“ за производство на топлинската енергија ги користи трите топлани Запад, Центар и Исток кои ги презема од „Топлификација“, како и гасната централа „Те-то“, која произведува електрична и топлинска енергија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.