Многу скоро Тео Волкот ќе парафира нов договор со Арсенал со кој ќе инкасира преку 30 милиони евра за следните четири и пол години, но најважното на Емирати е дека е задоволена желбата на Арсен Венгер. Францускиот тренер инсистираше околу Волкот да се гради новиот тим на тобџиите за оваа декада.
Волкот седум години е дел од Арсенал за кој во 164 натпревари постигна 34 голови, но неговата улога дојде до израз во тековниот шампионат во Англија и во натпреварите во ЛШ. Крилниот напаѓач сезонава веќе има 8 голови и 7 асистенции на 16 средби во Премиер лигата, бројки кои се далеку подобри од вкупните остварувања во сите предходни години од доаѓањето од Саутемптон во 2006. година.
Англиските медиуми јавуваат дека клучно за потписот било тоа што менаџерите на Волкот се избориле тој да заработи бонуси во вредност од четири и пол милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


