| четврток, 6 декември 2018 |

Камионите го покрија Скопје со 65 тона сол на критичните точки

cistenje sneg skopje

Зимската служба на Град Скопје изминатата ноќ и во текот на утрово по паѓањето снег интервенираше на критичните точки на градските сообраќајници и фрли околу 65 тони индустриска сол.

Екипите на зимската служба на Град Скопје и јавното претпријатие „Улици и патишта“ на терен интервенираа со возила-соларки и соларки со плуг на сите булевари во надлежност на Град Скопје.

Градските екипи интервенираа на сите мостови, клучки, надвозници, подвозници и високите зони кон Водно, Пржино, Железара, како и на сите други таканаречени „црни точки“ во градот.

Екипите на градската зимска служба ќе ја следат состојбата и ќе реагираат во согласност со условите на теренот.

Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите.

Градот Скопје апелира до граѓаните, куќните совети и до сопствениците на деловните објекти да се придржуваат на законската обврска и да ги расчистат приодите кон нивните објекти.

Градот Скопје претстојнава зима снежните наноси од градските улици ќе ги расчистува со вкупно 24 возила, коишто се стационирани во пунктовите на ЈП „Улици и патишта“ во Железара и во Кисела Вода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top