Украинскиот претседател Виктор Јанукович ги смета понижувачки условите од Европската унија за доделување на финансиска помош на неговата земја, откако претходно премиерот Микола Азаров рече дека Украина нема да се претвори во бојно поле меѓу Истокот и Западот, и дека Јанукович ќе присуствува на самитот на Европската унија во Вилнус и таму ќе ги објасни зошто се откажува од спогодбата за слободна трговија
Јанукович во своето телевизиско обраќање изјави дека условите од финансиската помош од Европската унија се срамотни, како и дека тој за трговскиот договор со ЕУ размислувал дури доколку тој им договара на интересите на Украина. ЕУ понудил помош во износ од 610 милиони евра и го поврзал со украинското согласување на нов договор со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) кој поставил неприфатливи услови.
-Тоа е договор за асоцијација, 610 милиони евра се одвоени за Украина како техничка помош . Почнувајќи од 2010 година. Три години по ред оваа бонбона во убаво пакување ни ја покажуваа и ни велеа: можете да ги добиете кога ќе потпишете договор со ММФ. Не сакам да се изразувам грубо, но не смеат така да нé понижуваат. Ние сме сериозна земја, европска- рекол Јанукович.
И премиерот Микола Азаров го обвинува ММФ дека, пред потпишувањето на договорот со ЕУ, ги заострил условите за одобрување на кредит.
-ММФ не сфаќа во каква економската е Украина. Да не сакавме да го решиме судирот со Русија, би морале да се соочиме со економска катастрофа- тврди украинскиот премиер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


