| четврток, 6 декември 2018 |

Путин: Да не се политизира одлуката на Украина

putin setaВладимир Путин порача да не се политизира одлуката на Украина да се откаже од спогодбата за потесни врски со Европската унија и побара од Брисел да се се откаже од острите оценки за ваквиот потег на Киев. Рускиот претседател додаде дека Украина, ЕУ и Русија би требало да се сретнат и да разговараат за ова прашање. Претходно украинскиот премиер Микола Азаров призна дека Русија сугерирала одлагање на потпишувањето на спогодбата за асоцијација и трговија меѓу Украина и Унијата. Во меѓувреме, илјадници проевропски украинци ги продолжуваат протестите во Киев и во другите градови против одлуката на владата да се откаже од европската спогодба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top