| четврток, 6 декември 2018 |

Полска и Естонија со поддршка за македонските евроинтеграциите

Влезот во НАТО и отпочнувањето на преговори со Европската унија остануваат стратешка цел на Македонија. Државата и понатаму е отворена и посветена на надминувањето на единствената пречка на тој план – спорот за името со Грција.

Оваа порака им ја пренесе премиерот Никола Груевски на премиерите на Естонија и на Полска, Андрус Ансип и Доналд Туск на денешните средби во Букурешт, јавува МИА.

Естонскиот и полскиот премиер ја потврдија поддршката за евроинтегративните процеси на Македонија, а од страна на Естонија било нагласено дека таа е поддржувач на политиките на отворени врати во НАТО и проширувањето на Европската унија. На средбите се потврдени добрите политички однноси и нагласена е потребата од интензивирање на економската соработка за што постои потенцијал во регионот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top