| четврток, 6 декември 2018 |

Ахмети го повика Кривокапиќ да помогне во спорот за името

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, го повика шефот на црногорскиот парламент, Ранко Кривокапиќ, во својство на претседател на Парламентарното собрание на ОБСЕ, да помогне во решавањето на спорот меѓу Грција и Македонија, јавуваат денеска црногорските медиуми.

Ахмети го повика Кривокапиќ да и ја укаже на меѓународната заедница важноста на решавањето на спорот меѓу двете земји околу името и да ги повика двете страни да преговараат на највисоко ниво.

Само така, според Ахмети, може да се постигне компромис што ќе го спречи блокирање на интеграцијата на Македонија во Европската Унија и НАТО.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top