| четврток, 6 декември 2018 |

Кас Грање: Нема опасност од повлекување на препораката за Македонија

Мислам дека не постои опасност Советот на ЕУ да ја повлече препораката за почеток на преговорите со Македонија, изјави денеска директорката на Директоратот за проширување на ЕК, Александра Кас Грање.

– Нашата позиција е многу јасна. Што ќе се случи во Советот, ќе видиме. Дискусиите се во тек, меѓутоа не мислам дека постои опасност Советот да ги повлече препораките или нешто слично во овој момент – истакна Кас Грање, која заедно со вицепремиерот за евроинтеграции, Фатмир Бесими, потпишаа спогодби за финансирање на реформите и меѓугранична соработка.

Бесими повтори дека Република Македонија во однос на ЕУ и евроатлантските интеграции има дефинирано јасен став и оти тоа е стратешки приоритет на програмата на Владата. Потсети дека во извештајот за напредокот на ЕК се потенцира дека почнувањето на преговорите на Македонија со ЕУ ќе ги зајакне реформите, ќе придонесе за добрососедските односи и ќе помогне за разрешување на отворените прашања со Грција.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top