| четврток, 6 декември 2018 |

Дипломатскиот кор се вклучи во акцијата „Ден на дрвото-засади ја својата иднина“

Со симболично засадување на неколку садници на локацијата Мршевски Рид, претставниците на дипломатскиот кор во Република Македонија, членовите од Одборот на организацијата на граѓаните „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“, градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски, и државниот секретар од Министерството за надворешни работи, Владо Мисајловски, ја почнаа есенската акција за пошумување.

DSC_5399

Како и минатата година преставниците на дипломатскиот кор засадуваа дрвца во „Паркот на дипломатите“ во населеното место Мршевци во општина Илинден. По засадувањето преставниците на дипломатскиот кор беа во посета на Домот на култура „Илинден“.

DSC_5384

Акцијата оваа година е под мотото „Засади здравје, засади здрава иднина“ и ќе се одржи на 27 ноември (среда), при што ќе се засадат 5 милиони садници. Идејата е да се потттикнат граѓаните што помасовно да излезат на засадување, со што ќе придонесеме за поздрава животна околина и ќе се запознаеме во промотивните активности со придобивките од засадувањето за луѓето, животните и за целиот биосвет.

DSC_5427

Реализацијата на оваа акција за пошумување е од огромно значење за зачувувањето и унапредување на животната средина поради што општина Илинден активно е вклучена во досегашните акции, при што се засадени над 1.275.000 садници на површина од 590 хектари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top