| четврток, 6 декември 2018 |

(ФОТО) Дечиња повредени во бомбашки напад во Северна Митровица

Тригодишно момче и десетгодишно девојче се повредени во експлозија во Косовска Митровица откако низ прозорот во семејната куќа е фрлена бомба

Ranjena-deca 1Две деца на воздраст од 3 и 9 години се повредени во напад со експлозив врз семејна куќа во Косовска Мировица. Непознато лице фрлило направа низ прозор во семејна куќа во етнички мешаната населба Бошњачко маало.

Deca-2Децата не се во животна опасност, известуваат од болницата. Тие со нивната мајка, за среќа, биле на терасата. Полицијата работи на случајот. Ова е втор напад за 24 часа  во северниот дел на Косовска Митровица.

Ranjena-deca 3Српскиот премиер Ивица Дачиќ најостро го осуди нападот. Порача дека нападите го загрозуваат мирот на Косово, а ги отежнуваат и преговорите меѓу Белград и Приштина. Побара меѓународните сили да гарантираат безбедност за сите.

Според Административната канцеларија на Северна Митровица ова е апсолутно неприфатливо и дека „се отишло предалеку“.

„Ова не смее да се толерира, ова дело не смее да остане неказнето. Со овој напад се отиде предалеку. Сега мора да реагираат сите кои би можеле да влијаат и да сторат се за да се запре хаосот, независно за кои институции работат“, соопшти Адријана Хоџиќ шефица на канцеларијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top