Непознати каменувале автобус на линијата број 58 во скопската населба Припор, при што била повредена една 18-годишна девојка.
Нападот се случил вчера околу 19.40 часот, во населба Припор, Скопско на последната автобуска постојка на бр. 24, кога непознати лица каменувале автобус на ЈСП бр.58, при што скршиле две прозорски стакла, а со видливи повреди се здобила патничката М.А.(18) од с. Чифлик. Се преземаат мерки за откривање на сторителите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.