Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска заедно со градоначалникот Ристески и Епископот Хераклејски – Господин Климент, го посетија изгорениот манастирки комплекс Траскавец. Таа вчера изјави дека од министерството ќе достават целокупна информација до Владата.
– Ќе има акциски план за брза санација и реконструкција на опожарениот дел. Веднаш ќе се изработи проект и преку надлежните институции веднаш ќе пристапиме да извршиме брза санација и реконструкција за да се вратат автентичноста и сјајот на конаците што изгореа- изјави Канческа-Милеска.
Таа посочи дека загубата е голема.
– Трескавец е еден од најголемите манастирски комплекси во Македонија и светски познат споменик на културата. Голема благодарност до градоначалникот Марјан Ристески, Јавните претпријатија, Владата на РМ и на сите останати служби и граѓани кои активно се вклучија во гаснење на пожарот – рече министерката.
Градоначалникот Марјан Ристески за денеска од 11 часот свика итна и вонредна седница на Економскиот совет, а ќе се одржи и вонредна седница на Советот на општината. Пожарот што вчера попладне го зафати манастирот Трескавец е изгаснат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.