Невладината организација „Каприкорн 2010” реагира на најавите дека по повод Денот на независноста на Албанија во струшкото село Лабуништа ќе биде поставено албанско знаме на 20 метарски јарбол и бара и македонско знаме, јави Супер Радио.
– „Каприкорн 2010“ упатува апел до надлежните институции да почнат да го применуваат Законот за поставување на знамиња и секаде каде што е подигнат јарбол со албанско знаме, веднаш до него да подигнат и јарбол со македонско знаме кое ќе биде со 30 проценти поголеми димензии како што налага законот – истакна претседателот на „Каприкорн“, Васко Јолески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.