По Кина, сега и Јапонија е на ред. Смогот од Кина се шири многу брзо и сега и се заканува и на Јапонија, така што претставува ризик по здравјето на младите и болни луѓе.
Веб страницата на јапонското Министерство за екологија е преполна од загрижувачки прашања од граѓаните кои се обидуваат да дознаат што им се приближува преку морето.
Сликите од Пекинг и другите кинески градови, кои се задушуваат во густиот смог, постојано се прикажуваат на телевизиите во Јапонија уште од минатата недела.
Загадувањето на воздухот во западниот дел на Јапонија во последните денови ги надминува владините лимити, со ситни честици во воздухот кои создаватаа проблеми, соопшти Националниот институт за истражување на животната средина
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.