| четврток, 6 декември 2018 |

ОН: Сирискиот конфликт поттикнува тероризам во Ирак

Конфликтот во Сирија придонесува за јакнење на тероризмот и меѓуверските тензии во соседен Ирак, што им овозможува на групациите како Ал Каеда да се поврзат со слични организации во Сирија, изјави известувачот на Обединетите нации за Ирак, Николај Младенов.

– Решавањето на сириската криза и усвојувањето на регионалната стратегија против сите форми на верски екстремизам се од пресудно значење за воспоставување стабилност во Ирак – рече синоќа Младенов во Советот за безбедност на ОН.

Ирачките предизвици денес, повеќе од кога било досега, не може да се набљудуваат
одвоено од пошироките ризици со кои се соочува регионот, посочи Младенов, додавајќи дека во Ирак има повеќе од 202.000 регистрирани бегалци од Сирија, од кои 98 проценти сега живеат во Курдистан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top